Во Србија се одбележуваат 18 години од атентатот на премиерот Ѓинѓиќ

Годишницата од смртта на Ѓинѓиќ беше одбележана и на неговиот гроб и во дворот на Владата, кде беше извршен атентатот

На 12 март се одбележува осумнаесеттата годишнина од убиството на српскиот премиер и лидер на Демократската партија, Зоран Ѓинѓиќ во Белград. Во дворот на зградата на Владата на Србија, на местото каде што беше убиен Ѓинѓиќ во 2003 година, цвеќе полошија и запалија свеќи премиерката Ана Брнабиќ и членовите на сегашната Влада предводена од Српската напредна партија.

Во текот на денот венци ќе положат венци и членови од некогашната Влада на Ѓинѓиќ. Делегација на Демократската партија, предводена од претседателот Зоран Лутовац, која денес е во опозиција, положи венци на неговиот гроб во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград. Претставници на опозициската Нова партија и Партијата за слобода и правда, предводени од Драган Ѓилас, исто така, ќе положат венци на гробиштата.

Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година, на влезот во зградата на српската влада. Поранешниот командант на Единицата за специјални операции на Министерството за внатрешни работи на Србија, Милорад Улемек Легија, беше осуден на 40 години затвор за организирање на убиството. На иста казна беше осуден и Звездан Јовановиќ, директен извршител на убиството и поранешен заменик на Улемек. Политичката позадина на убиството на Зоран Ѓинѓиќ сè уште не е откриена.