Нови 947 случаи на коронавирус, 21 починати

Илустрација: тестирање за ковид-19

Во изминатите 24 часа се регистрирани 947 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 21 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 3450 тестирања. Починатите се на возраст од 51 до 91 година.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 453, а потоа следуваат Прилеп со 65, Велес – 56, Неготино - 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово по 6, Делчево и Демир Капија по 5, Дебар, Радовиш и Богданци по 4, а во Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и во Пехчево има по 2 нови случаи.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.