Додик: босанските Срби се за укинување на високиот претставник за БиХ

Претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик на специјалната седница на Собранието на Република Српска, Бања Лука на 10 март 2021 година.

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик изјави дека етничките Срби се залагаат за укинување на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) за Босна и Херцеговина и одржување референдум за статусот на претежно српскиот ентитет, доколку не се почитуваат нивните ставови. Додик, српскиот член на трипартитното претседателство на Босна и нејзин сегашен претседател, зборуваше на специјалната седница на Националното собрание на Република Српска. Додик рече дека е неприфатливо странците да одлучуваат за судбината на БиХ и дека „луѓето во Босна се третираат како предмети“ отколку „како субјекти во меѓународните односи“.

Улогата на грчките доброволци во геноцидот во Сребреница

Валентин Инцко, сегашен висок претставник за Босна, потврди во декември дека ќе ја напушти функцијата и дека германскиот политичар Кристијан Шмит е кандидат за да го наследи. Инцко ја извршуваше функцијата од 2009 година. Додик рече дека ОХР го толкувал Дејтонскиот договор „со казнување на политичари или наредби на Националното собрание на Република Српска што да прави“. Високиот претставник е назначен од Советот за безбедност на ООН. Должностите на ОХР вклучуваат надзор и координација на спроведувањето на цивилните аспекти на Дејтонскиот договор. Република Српска нема скриени намери, инсистираше Додик, додавајќи дека нејзините активности се насочени првенствено на почитување на Дејтонскиот договор и градење мир и стабилност.

Во Федерацијата БиХ се слави Денот на независноста, во РС не

Лидерот на босанските Срби, кој постојано се заканува дека ќе се обиде да обезбеди независност на Република Српска, исто така рече дека ќе предложи референдум за статусот на ентитетот за една или две години. Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија, Питер Стано, за РСЕ изјави дека позицијата на ЕУ за тоа како Босна функционира не е променета. „Позицијата на ЕУ не зависи од ставовите на еден или друг политичар, туку е во согласност со меѓународното право и се заснова врзвредностите и принципите на ЕУ“, изјави Стано