Нови 913 случаи на корона, починати 16, а оздравени 351 пациент

Тестирање за ковид- 19 во Скопје 02.03.2021.

Нови 913 случаи на Ковид-19 од направени 3.707 тестирања се регистрирани во изминатото деноноќие. Починати се 16 лица, а оздравени 351 пациент.

Според податоците што ги објави Министерството за здравство, најголем број од новите случаи повторно се во Скопје- 440 лица. Од починатите, најмладиот е на 40-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови. Најмногу од починатите се од Прилеп- седум пациенти. Од Скопје се починати шест пациенти. По еден починат пациент има од Гостивар, Гевгелија и Крушево.

Досега, во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 109.262. Бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845.