Дебата во ЕУ за слобода на медиумите во Полска, Унгарија и Словенија

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова предупреди на „загрижувачки развој на настаните“ со слободата на медиумите во Унгарија, Полска и Словенија, додека пратениците во Брисел расправаа за темата на пленарна седница.

Во обраќањето пред Европскиот парламент Јоурова го наведе отстранувањето на унгарската радиостаница Клубрадио од етерот, минатиот месец, кое беше критички настроено кон десничарската влада на премиерот Виктор Орбан.


Таа исто така ги спомена протестите во Полска против плановите на националистичката влада на премиерот Матеуш Моравиецки да воведе данок за рекламирање за недржавни места, за кој демонстрантите рекоа дека ќе го ограничи плурализмот.

За Словенија, која ќе го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ во јули, Јоурова ги посочи обидите на Владата на премиерот Јанез Јанша да го „поткопа одржливото финансирање и независноста на националната агенција за печат и честите вербални напади против новинарите“.

„За секој од овие случаи, комисијата беше во контакт со националните власти и продолжува да ја следи состојбата“, рече официјалниот претставник на ЕУ, додавајќи: „И дозволете ми да ве уверам дека комисијата ќе постапи кога ќе има прашања во врска со усогласеноста на националните закони или одлуки со правилата на ЕУ “.

За време на пленарната седница не се очекува да биде донесена резолуција.