Јанушев ја обвини власта дека подготвува „кражба на изборите“

Игор Јанушев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Одбивањето да се прифати електронски отисок на прст е зошто власта на Зоран Заев подготвува кражба на изборите, обвини пратеникот Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Во изминатиот период се водеа интензивни преговори меѓу работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел да се надминат проблемите кои ги наметна владината коалиција во врска со законската обврска за користење на фингерпринт уреди (уреди за читање на отпчаток од прст, н.з.) за претстојните избори, иако сите политички чинители дадоа поддршка пред повеќе од 1 година кога се донесоа последните измени и дополнувања на Изборниот законик“, изјави Јанушев.

Тој вели дека неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, направила се за да се овозможи користење на читачи на отпечаток од прст за локалните избори, но дека власта цело време „опструирала“.

„И покрај сите напори, отстапки, и пред се волја од страна на ВМРО-ДПМНЕ да овозможиме да се користат фингерпринт уредите за локалните избори и да нема повеќе „брзи прсти“, владината коалиција на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги опструира преговорите и не сака да овозможи имплементација на овие, повторувам, законски обврски, кои се на сила повеќе од 1 година“, рече Јанушев на денешната прес конференција.

Пред еден месец, премиерот Зоран Заев денеска апелираше до Државната изборна комисија (ДИК) брзо да влезе во постапката за набавка на апарати за гласање со отпечаток од прстот, за да може, како што рече, да се исполни законски вграденото решение.