И покрај пандемијата, стотици албански државјани секојдневно на пазар во Дебар

Граничен премин „Блато“ на македонско-албанската граница

И покрај ковид пандемијата голем број албански државјани секојдневно ја поминуваат македонско-албанската граница преку премините Блато и Џепчиште-Требиште и престојуваат во Дебар каде доаѓаат во набавка на голем број основни артикли и гориво, бидејќи во Албанија цените на тие производи се повисоки.

Без потреба од негативни ПЦР тестови, најчести гости во Дебар се жителите на албанските погранични градови и села. Само во јануари фрекфенцијата на патници била речиси 40 илјади.

Портпаролката на Граничниот Регионалниот Центар – Запад, со седиште во Охрид , Мерлина Ислами, за Радио Слободна Европа изјави дека „во јануари оваа година, на граничниот премин Блато, на македонско–албанската граница кај Дебар, фрекфенцијата на патници била 39.865, од кои македонски државијани биле 8.473, а странски државијани 31.392. Од нив, во Македонија влегле 20.720 лица од Албанија, а од Македонија во Албанија - 19.150“.

Според портпаролката Ислами, во јануари фрекфенцијата на преминот Џепчиште-Требиште изнесувала 3.195 патници, од кои 230 македонски државијани и 2.965 албански државијани.

Кенан Мимидиноски