Арсовски: Османи појде на средба со Захариева, тема Акцискиот план

Владиниот портпарол Душко Арсовски

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, е на пат за Бугарија. Таму ќе има средба со неговата колешка Екатерина Захариева, а централна точка на преговорите ќе биде Акцискиот план, информираше денес портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Повеќе детали, како што рече Арсовски, ќе има кога Османи ќе се врати од оваа посета.

Средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Османи и Захариева, беше најавена пред десетина дена, кога од македонската Влада информираа дека е при крај и т.н. Акциски план, кој, како што рече премиерот Зоран Заев, е добар и за двете страни и треба да оди во полза на разговорите и добрососедските односи. Сепак, неговата целосна содржина до сега не е јавно објавена.