Германскиот кабинет ќе ја продолжи мисијата во Авганистан до 2022 година

Во Авганистан има околу 1.300 германски војници

Кабинетот во Берлин денеска се очекува да даде зелено светло за продолжување на воената мисија на Германија во Авганистан до 31 јануари 2022 година. Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави дека тековниот мандат за германската операција со 1.300 војници истекува на крајот на март, додека новата американска влада го разгледува договорот со талибанците од 2020 година, според кој странските трупи треба да се повлечат до 1 мај.

Обновени мировните преговори на талибанците и авганистанската влада

Предвременото повлекување на трупите на НАТО може да ги загрози мировните разговори меѓу авганистанската влада и талибанците, предупреди Крамп-Каренбауер, додавајќи дека трупите на НАТО треба да се подготват за можни насилства на талибанците.