Борн: Со работење од дома против ковид карантин

Илустрација

Француската министерка за труд Елизабет Борн денеска изјави дека е најважно компаниите да го зголемат работењето од дома, со цел да се избегне ново заклучување на земјата во борбата против ширењето на коронавирусот.

„Изминатите денови податоците за Ковид-19 не се добри. Сите сакаме да избегнеме нов локдаун, а работата од дома е добро решение“, истакна Борн.

Таа најави дека в петок ќе се сретне со претставници од секторите за банкарство, осигурување и инженеринг, а темата на разговорите ќе биде работењето од дома, пренесе АФП.