Грузиската полиција уапси опозициски лидер со упад во партиското седиште

Грузиската полиција упадна го уапси опозицискиот лидер Ника Мелиа, Тбилиси, 23.02.2021.

Грузиската полиција упадна во партиските канцеларии на опозицискиот лидер Ника Мелиа и го уапси рано изутрината. Апсењето уследи неколку дена откако премиерот Георѓи Гахарија поднесе оставка по несогласувањето околу тоа дали да се приведе познатиот политичар во притвор. Мелија, кој е на чело на опозициската партија на Обединето национално движење беше обвинет за поттикнување насилство на улични протести во јуни 2019 година, обвинение што го отфрли како политички мотивирано. Судот во Тбилиси во минатата недела нареди да биде приведен за наводно неисплажање кауција. Телевизиските снимки во живо покажаа дека Мелија, бил извлечен од седиштето на партијата за да биде спроведен во истражен притвор.

Во Грузија полицијата со водени топови против демонстрантите


Стотици полицајци употребија солзавец против приврзаниците на Мелија и лидерите на сите опозициски партии во земјата, кои се во зградата од 17 февруари. Десетици приврзаници на опозицијата беа приведени. Апсењето на Мелиа се случи еден ден откако грузискиот парламент ја одобри новата влада предводена од премиерот Иракли Гарибашвили по оставката на Гахарија на 18 февруари, кој рече дека неговиот потег е поттикнат од несогласување со неговиот тим околу наредбата за притвор на Мелија. Политичката сцена за 4 милиони жители на оваа кавкаска земја е на работ на криза од изборите во октомври, во кои доминираше партијата Грузиски сон.