Нови 129 случаи на коронавирус, 13 починати и 342 оздравени

Клиника за инфективни болести, Скопје

Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 129 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 854 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 99.408. Починати се 13 пациенти во изминатото деноноќие сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава моментално е 3.076 лица.

Во моментов во земјава има 6.590 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 76, а потоа следуваат Кавадарци со 19, Прилеп 6, Неготино 9, Велес, Охрид и Струга по 3, Куманово и Тетово по 2...

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 342 оздравени пациенти.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 503.565 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 89.742 лица од почетокот на епидемијата.