Идниот министер за правда на САД вети судење за одговорните за упадот во Конгресот

Мерик Гарланд

Судијата Мерик Гарланд, назначен од американскиот претседател Џо Бајден за министер за правда, ветува дека ќе ги изведе пред лицето на правдата приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп кои упаднаа на Конгресот на 6 јануари. „Ќе поведам постапка против луѓето кои упаднаа во Капитол Хил на 6 јануари“, најавува Гарланд во говорот што ќе го има денеска во Сенатот, кој треба да го потврди неговото назначување. Поднесени се тужби против 230 лица. Пет лица беа убиени во немирите за време на четиричасовната окупација на Конгресот од приврзаниците на Трамп.

Тужба за Трамп и Џулијани за немирите во Капитол


Гарланд вели дека ќе ја „заштити независноста“ на судството и ќе го заштити Министерството за правда од „партиски влијанија“ со дефинирање на јасни правила за истраги на федерално ниво и регулирање на комуникацијата со Белата куќа. Идниот министер се залага и за борба против правните нееднаквости со кои се соочуваат граѓаните од различни етнички малцинства во Соединетите држави.