Г. Петар: Порфириј не држи до српството по секоја цена

Митрополитот Петар

Митрополитот преспанско-пелагониски при Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), владиката Петар, коментирајќи го изборот на новиот поглавар на Српската православна црква (СПЦ), Порфириј, вели дека очекува конечно решавање на статусот на Македонска православна црква, односно добивање автокефалност од Вселенската патријаршија.

Според него, овој избор во СПЦ бил очекуван.

„Според нас, Порфириј не е човек кој е многу настојчив да истерува некои работи до крај, во смисла да држи до српството по секоја цена, и затоа успеа во голема мера да биде прифатен, пред се од клирот на римо-католичката црква и од другите вероисповеди кои постојат во Хрватска и Словенија, и затоа не се случија никакви конфликти на црковен или национален план во тие држави“, изјави митрополитот Петар за МИА.

Тој додава дека во МПЦ-ОА биле задоволни од претходниот патријарх и очекуваат токму сега решавање на статусот на МПЦ, односно добивање автокефалност од Вселенската патрихаршија.