Фејсбук го блокира пристапот до вестите во Австралија

Фејсбук

Фејсбук денеска ги блокираше Австралијците да споделуваат вести поради спорот околу новиот предлог закон со кој се сака платформите на гиганите Фејсбук и Гугл да се присилат да им плаќаат на медиумите за преземање на нивните содржини.

Австралиската влада го нападна потегот на Фејсбук, кој исто така влијаe врз некои владини комуникации, вклучително и пораки на служби за итни случаи и некои комерцијални страници.

Уредбата мора да ја донесе Парламентот за да стане закон. Фејсбук соопшти дека предложениот австралиски закон „фундаментално не ги разбира односите помеѓу платформите и тие што ги користат“. Фејсбук не даде претходно предупредување пред да го донесе блокирањето.