Новинарите и медиумските работници ќе може да се вакцинираат во втората фаза

Илустрација.

Согласно Националниот план за ковид-19 вакцинација, новинарите и медиумските работници се опфатени во втората фаза за имунизација и спаѓаат во делот на категоријата граѓани од витални институции за функционирање на државата, информираат од МЗ.

Тоа значи дека новинарите и медиумските работници ќе се вакцинираат веднаш по завршување со вакцинирање на групите кои се предвидени во првата фаза, а за кои вакцинацијата започна вчера и е во тек.

Министерот за здравство Венко Филипче ова го кажал на денешната средба со претствници и членови на на ЗНМ и со членови Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници

На средбата се разговарало за важноста новинарите да бидат дел од приоритетните групи за вакцинација против ковид-19 поради природата на нивната работа и големиот ризик на изложеност на овој вирус.

Вакцинацијата за новинарите и медиумските работници од радиодифузерите, печатените и он-лајн медиумите, на целата територија на државата, ќе биде доброволна.

Изготвувањето на списоците на заинтересираните вработени во медиумите за вакцинирање ќе треба да бидат поднесени од секој медиум поединечно, во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство.