373 новозаболени од ковид 19, најмногу во Скопје, Прилеп, Охрид и Кавадарци

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Нови 373 случаи на заболени од ковид-19 од направени 2.345 тестирања регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа.

Од новите 373 случаи со ковид-19, најмногу се во Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, и Охрид – 22 заразени.

Оздравени се 309 пациенти, а починати се осум лица

Починати се пет пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 494.719 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378