Град Скопје ја дополнува листата за имиња на улиците за уште 571 имиња. Градскиот совет на претстојната седница треба да расправа за дополнувањето на листата од 2012, која претходно имаше 290 имиња. Со ова при именување или преименување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот ќе има на располагање 860 имиња.
Дел од граѓаните коментираат дека има повеќе имиња отколку улици.
Во листата на нови имиња се пејачот Дејви Боуви и групата „Квин“, Френк Запа, Пабло Пикасо, македонските бендови „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“. Улица ќе биде именувана и по Есма Реџепова, како и по филмот „Медена земја“. Во листата со нови имиња за улици се и имињата на починатиот новинар Никола Младенов, пејачката Вања Лазарова, архитектот Живко Поповски, спортистите Благоја Георгиевски – Буштур, пливачката Атина Бојаџи, заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи и други.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Фејсбук се пофали дека дел од улиците ќе си ги вратат старите имиња, па така Аминта Трети повторно ќе стане Ленинова, Јордан Мијалков повторно ќе биде Железничка, Петре Пирузе ќе си го врати името Мексичка, а улицата Борис Сарафов повторно ќе стане 4-ти Јули.
Да не си им во кожата на скопските таксисти, коментираат дел од граѓаните на социјалните мрежи. Едвај ги научија новите имиња на улиците, сега повторно ќе учат наново. Во меѓувреме, учеа и англиски, откако во 2013 година, тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека до 2017 година сите таксистите ќе мора да знаат англиски јазик, но оваа одлука беше укината во 2018.
Скопје: Ќе менуваме имиња на улици.Провинцијалски таксисти: pic.twitter.com/3CJO6sIzWr
— Фикси (@FilipFiksi) February 17, 2021
Некои аплаудираат на одлуката, други се чудат на списокот, трети прашуваат зошто одредени имиња се изоставени, четврти критикуваат дека полесно е да се ставаат имиња, отколку да се изгради нешто, а петти шеговито лицитираат кое име би било најсоодветно за некоја улица. Иронично се предлага улицата пред Судската палата да се вика „Неправда“ по истоимениот хит на групата Пу/Лева патика, а улицата пред Министерството за труд и социјала да го носи името „Леб и сол“.
Населба "Ќерамидница" ќе биде преименувана во "Стојанче Ангелов". 😂
— BATMAN (@Vasko44271763) February 17, 2021
Извини Мире морално беше!!! pic.twitter.com/Mom6utmSLU
— zlatko (@zlatkothegoldy) February 17, 2021
Пошо на Дижонска секој ден се бркаат полицајци и криминалци, фер ќе биде да ја прекрстат во Ул. "Том и Џери"
— Бапчо (@TheFitzzz) February 17, 2021
Предлог имиња за слепи улици:Стиви ВондерРеј ЧарлсДејан/Саша МатичАндреа БочелиЗоран Заев
— Арсеналовец (@Arsenalec7) February 18, 2021
Дел од граѓаните во листата наоѓаат имиња за кои сметаат дека заслужиле улица во главниот град.
Скопје ќе добие улица со име Дејвид Боуви!!! биг Биг БИг БИГ ЛАЈК! pic.twitter.com/QqDu1iUj0v
— Јанко Илковски (@JankoIlkovski) February 16, 2021
Враќањето на старите имиња на улиците е за поздрав. Но, се надевам дека најавите за крстење улици по Квин, Дејвид Боуви и остали звучни имоња не се однесува на постоечки улици, јер тогаш е истата глупост од Грујо што сега наводно ја поправаат.
— Alpharius (@TheLastPrimarch) February 17, 2021
Критичарите, пак, потсетуваат на неисполнетите ветувања и коментираат дека е полесно да се именува отколку да се изгради.
Финтите на Шилегов:- нама тунел под Кале, има ново име на булевар- нема ветен Зип лајн, има старо име на Мексичка- нема Универзална, руина е, али има улица Дејвид Боуви.Лапајте мраз без Чивас!!! 🥃
— AnaStevano (@StevanoAna) February 17, 2021
Не треба да им ги смените имињата на раскопаните улици треба да го смените асфалтот. pic.twitter.com/MtpSZxkYF3
— Гума_внатрешна (@Menadzer0) February 17, 2021
Булевар Тунел Под Кале
— Нина Мелато (@PravednaTavita) February 17, 2021
500 пати истите тротоари се прекопуваат, 500 пати преименуваат исти улици, си пуштаат тендери, си праат пари на страна, седат у кафана и не гледаат и ни се смеат. *Важи за секоја власт
— изноугуд (@IsNog00d) February 17, 2021
Ист пиштол бре другари..Дали ќе е Аминта Трети или Дејвид Боуви пак ќе биде пуна со дупки,прљава од отпадоци и со не нивелирани шахти !
— The Infinity Wlad (@InfinityWlad) February 17, 2021
Во 2012 година, Советот на Град Скопје, под водство на ВМРО-ДПМНЕ преиеменува бројни улици во главниот град. СДСМ тогаш организираше протести против преименувањето. Се противеа улици да го носат името Тодор Александров и скандираа „Бугари, Бугари“.