Европската комесарка за внатрешни работи во посета на Хрватска, БиХ и Албанија

Мигранти минуваат покрај шаторите во мигрантскиот камп „Липа“, кој е повторно изграден откако изгоре во декември, во близина на северо-западниот босански град Бихаќ, 29 јануари 2021 година

Еврокомесарката за внатрешни работи на ЕУ Илва Јохансон објави дека оваа недела ќе ги посети БиХ и Албанија, а турнејата ќе ја започне во Загреб, Хрватска. „Почнувам важна посета на Балканот . Ќе го посетам кампот Липа и ќе се сретнам со владите на Хрватска, БиХ и Албанија“, напиша Јохансон на Твитер. Во соопштението на Европската комисија се наведува дека Јохансон ќе разговара за соработката со овие земји во областа на миграцијата, како и за системот за управување со миграцијата на земјите партнери во ЕУ.

Откриени мигранти во камион со мандарини при влез во Србија од Македонија

Во БиХ има околу 8.000 мигранти и бегалци, а до 6 часот наутро тие се сместени во објекти финансирани од ЕУ во Сараево и во кантонот Уна-Сана. ЕУ, како што се додава, во декември минатата година го поддржа поставувањето привремено засолниште на локацијата Липа и обезбеди топла облека, ќебиња, храна и медицинска поддршка. Комесарката исто така ќе отпатува на граничниот премин Какавија со Грција, каде ќе ја посети заедничката гранична операција на Фронтекс во Албанија.