Нови 358 случаи на корона, оздравени 341, а починати 5 пациенти

Тестирање за ковид-19. Илустрација.

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, при што се регистрирани 358 нови случаи на ковид-19.

Во истиот период се регистрирани 341 оздравени пациенти, а починале пет лица во болнички услови. Починати се три пациенти од Скопје и по еден пациент од Кавадарци и Прилеп.

Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.