Лавров: Русија е подготвена за подобри односи со ЕУ и покрај заладувањето

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ја обвини Европската унија за замрзнување на односите, но истакна дека Москва е сè уште подготвена да ги поправи доколку види позитивни сигнали од тој блок. По разговорите со неговиот фински колега Пек Хавист во Санкт Петербург, тој рече дека „ако ЕУ одлучи дека е потребно да се обноват односите, Русија ќе биде подготвена за тоа“. Изјавата на Лавров уследи по неговото предупредување минатата недела дека Москва е подготвена да ги прекине врските со блокот од 27 нации ако Брисел воведе нови; санкции што би и наштетиле на руската економија.

Лавров: Русија е подготвена да ги прекине односите со ЕУ

Односите меѓу Русија и ЕУ, кои се на најниско ниво од Студената војна, по анексијата на Крим од Москва во 2014 година и поддршката за сепаратистичките бунтовници во источна Украина, се дополнително влошени со апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Русија ги отфрли критиките од Соединетите држави и Европската унија во врска со апсењето и пресудата на руската опозиција и репресијата на демонстрантите кои бараа негово ослободување, како мешање во внатрешните работи.

Русија прогласи дипломати за персона нон грата поради учество на протестите за Навални


За време на посетата на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел на Русија на почетокот на овој месец, Москва протера дипломати од Германија, Шведска и Полска за учество во протестите за поддршка на Навални. Лавров рече дека санкциите на ЕУ ги оштетиле економските односи, а политичките контакти се ограничени на спорадична размена на ставови за меѓународните кризи.