Велика Британија со нови прописи за запирање на новите варијанти на ковид19

илустрација

Сите британски и ирски државјани и жители на Велика Британија кои пристигнуваат во Англија откако биле во земја со ризик од КОВИД 19 сега треба да бидат ставени во карантин во хотелите, пишува Би-Би-Си. „Црвената листа“ вклучува 33 земји, вклучувајќи ги Португалија, Бразил и Јужна Африка.

Новите регулативи насочени кон запирање на влегувањето на нови варијанти на КОВИД 19 во земјата се однесуваат на пристигнувањата на луѓето кои биле на некое од овие места во изминатите 10 дена. Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок изјави дека појавата на нови варијанти на корона вирусот значи дека владата мора да продолжи со ограничувањата за патувања.

Во Македонија нема нови рестрикции и покрај мутациите на ковид-19

Владата соопшти дека досега постигнала договори со 16 хотели, обезбедувајќи 4.963 соби за новиот систем на карантин. Во меѓувреме, сите патници кои доаѓаат во Шкотска од странство со авион - не само оние од 33 „високо ризични“ земји - сега мораат да одат во хотели во карантин. Луѓето кои патуваат од земјите на црвената листа до Велс и Северна Ирска ќе мора да резервираат и плаќаат за карантин во Англија, бидејќи ниту една дестинација нема директни меѓународни летови.