Фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на Деве Баир

Граничен премин

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на граничниот премин „Деве Баир“ при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции денеска откриле 30 ПЦР тестови за Ковид-19, за кои постои сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки биле одземени.

Двајца албански државјани, како што се посочува во соопштението на МВР , биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка.

Речиси 9 милиони евра потрошени за тестирање за ковид-19 на приватно

За останатите 28 патници, македонски државјани, ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавно обвинителство.