Времето денеска: облачно со врнежи од дожд

Ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Дневната температура ќе биде од 5 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 12 степени.