Бугарија ќе нарача дополнителни над 3 милиони вакцини

Илустрацуија

Бугарија ќе нарача дополнителни 3 милиони дози вакцини против Ковид-19. Министерот за здравство Костадин Ангелов изјави дека поради можностите за намалено снабдување во земјата со вакцините на Оксфорд и Астра Зенека, предлага земјата да нарача дополнителна количина вакцини од 2 897.694 дози на вакцината Фајзер/Бионтек и 460.000 дози на вакцина на Модерна.
Бугарскиот министер за здравство истакна дека снабдувањето со дополнителни вакцини е можно по состанокот на Управниот совет, формиран од Европската комисија за вакцини и дополнителниот договор за вакцини помеѓу Европската комисија и производителите на лекови Фајзер/Бионтек.