Киргистански муфтија се повлече по корупцискиот скандал

Илустрација, архивска фотографија

Највисокиот муслимански свештеник во Киргистан, муфтијата Максатбек Хаџи Токтомушев се повлече од функцијата откако неговиот сметководител беше приведен од властите поради обвинение за корупција. Државната агенција задолжена за исламски работи соопшти дека на негово место ќе биде поставен привремен шеф, додека да се избере замена.


Претходно државниот комитет за национална безбедност соопшти дека главниот сметководител во државната агенција е уапсен под сомнение за злоупотреба на два милиони долари стекнати со донации од верници.


„Откако истражителите почнаа да ги проверуваат финансиските неправилности во институцијата, верската управа се обиде да сокрие некои факти нудејќи му мито од 100 илјади долари на истражителот“ се вели во нивното вчерашно соопштение.

Мнозинството од 6 милионскиот Киргистан се сунитски муслимани.