Времето денеска: променливо облачно

Претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде од 8 до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 16 степени.