Полицијата во Мјанмар со оружје и водени топови против демонстрантите

Полицијата во Мјанмар (Бурма) користела огнено оружје и водени топови за да се справуви со демонстрантите кои не ги послушаа наредбите за забрана на јавните собири, која уследи откако во земјата минатата недела имаше воен удар.

Демонстрантите се собраа и покрај предупредувањата на новите власти, кои рекоа дека ќе преземат мерки против оние кои ја загрозуваат стабилноста.

Извештаите велат дека полицијата пукала со огнено оружје во воздух и користела водени топови за да ги растера демонстрантите и во главниот град и во неколку други градови. Како што е соопштено, полицијата пукала и со гумени куршуми кон насобраната толпа во главниот град, ранувајќи неколку лица.

Демонстрантите бараат да и се врати моќта на разрешената цивилна влада и бараат слобода за лидерката Аунг Сан Су Ќи и другите членови на владејачката партија приведени по преземањето на власта од страна на војската на 1 февруари.

Денеска војската извршиле рација во партиското седиште на Националната лига за демократија на Аунг Сан Су Ќи во Јангон, соопштија од партијата.

Војската забрани собири на повеќе од пет лица во областите каде има големи демонстрации. Воведен е и ноќен полициски час во жариштата на протестите.