За 24 часа во Македонија 352 пријави за неносење заштитна маска за лице

Илустрација - Полиција контролира дали се почитува мерката за носење заштитни маски за лице, Скопје декември 2020

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како заштита од коронавирусот, регистрирани се 352 прекршоци, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од Министерството и денеска преку соопштение апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Казната за неносење заштитна опрема за лице изнесува 20 евра.