Армијата на Мјанмар воведе полициски час во неколку градови

Полицијата  употреби водени топови во главниот град на Мјанмар за да растера илјадници демонстранти

Армијата на Мјанмар, која ја презеде власта на 1 февруари, воведе полициски час во неколку градови, додека генералите за прв пат ја споменаа можноста за одмазда против демонстрантите кои излегоа на улиците. Полицискиот час беше воведен во неколку населени места. Војската соопшти дека од 20.00 до 4.00 часот се забранети собири на повеќе од пет лица. Главниот командант на армијата Мин Аунг Хлаинг синоќа изјави дека пучот бил организиран поради изборна измама на парламентарните избори одржани во ноември.

Илјадници луѓе протестираат во Мјанмар

Полицијата употреби водени топови во главниот град на Мјанмар за да растера илјадници демонстранти кои излегоа на улиците против воениот удар и кои бараат ослободување на премиерката Аунг Сан Су Ќи и другите кои армијата ги приведе. За време на претходните пет децении воено владеење во Мјанмар, земјата беше изолирана и строго се контролираше комуникацијата со меѓународната заедница. Меѓународната заедница го осуди пучот и повика на ослободување на притворените.