Меѓународниот тим на СЗО ќе одржи прес конференција во Вухан

Членови на тимот на Светската здравствена организација (СЗО), задолжени да го истражат потеклото на коронавирусот во Вухан

Меѓународните експерти кои го испитуваат потеклото на пандемијата на коронавирусот во Кина, ќе денеска во кинескиот град Вухан ќе одржат прес конференција, објави Светската здравствена организација. „Меѓународниот тим што работи на разбирање на потеклото на ковид-19 го завршува својот четиринеделен престој во Вухан, Кина и заедно со своите кинески колеги ќе учествуваат на прес-конференција“, соопшти СЗО. Првите инфекции со коронавирус беа откриени во Вухан во декември 2019 година. Научниците сметаат дека вирусот од кој досега починале повеќе од 2,3 милиони луѓе ширум светот потекнува од лилјаци и може да се пренесе на луѓето. Експертите на СЗО, кои ги поминаа првите 14 дена од своето патување во карантин, посетија голем број места поврзани со потеклото на пандемија, вклучително и пазарот на морски плодови каде што за првпат е откриено дека луѓето се разболуваат.

Тимот на СЗО ќе посети лаборатории, пазари и болници во Вухан

Во почетокот на пандемијата се појавија шпекулации дека вирусот можел случајно да излезе од институтот во Вухан, иако не постојат докази за да се поткрепи таа теорија. Тогашниот претседател на САД Доналд Трамп и неговите приврзаници ги засилија тие гласини со теории на заговор дека Кина намерно го пуштила вирусот.,Питер Бен Ембарек, шеф на мисијата на СЗО, минатата недела изјави дека истражителите имале „многу искрени“ дискусии со кинеските научници за изворот на пандемијата - вклучувајќи ги и ваквите теории.