Британскиот сој на коронавирусот утврден кај 45 лица во земјава

Илустрација: Земање брис за тест на коронавирус

Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на МАНУ од 1 јануари до 7 февруари 2021 е утврдено присуство на британскиот сој на коронавиурсот кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.

„Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13 јануари 2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присутен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип и Велес“, соопшти Министерството за здравство.

„Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници“, велат во Министерството.