Извозот од Македонија лани паднал за 7,7 отсто

Илустрација - Работник во индустрија

Извозот на стоки од Македонија лани забележал пад од 7,7 отсто во однос на тој период претходната година, објави денеска Државниот завод за статитика (ДЗС).

„Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-декември 2020 година, изнесува 6 милијарди и 633.216.000 американски долари. Вредноста на стоката, во истиот период, изнесува 8 милијарди и 709.485.000 американски долари, што е за 7,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година“, покажува статистиката на ДЗС.

Трговскиот дефицит, според ДСЗ, во периодот јануари-декември 2020 година, изнесува 2 милијарди и 75.269.000 американски долари, а покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-декември 2020, изнесува 76,1 отсто.