Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат. Дневната температура ќе биде од 8 до 18 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 14 степени.