Папата Франциск назначи две жени на функции во Ватикан

Папата Францис

Папата Францис назначи две жени на функции во Ватикан, кои претходно ги држеа само мажи, со што на жените им се дава повеќе моќ во Светата Столица, каде доминираат мажите, објави Ројтерс.

Тој денеска ја назначи Французинката Натали Бекварт, за потсекретар на бископскиот синод, тело на бискупи што подготвува големи состаноци кои се одржуваат на секои неколку години на различна тема.

Претходниот ден, Папата Франциск ја именуваше италијанската судијка Катија Сумарија како прва жена Промотор на правдата во Апелацискиот суд во Ватикан.

Жените досега учествувале како набудувачи и консултанти во минатите синоди, но само кардинали и бискупи и специјално назначени или избрани машки претставници, можеле да гласаат за документи испратени до папата.

Минатата година, Папата Франциск назначи шест жени на високи улоги во советот што ги надгледува финансиите на Ватикан.