Во скопските центри има 234 ковид пациенти и 92 слободни места

Ковид-19 центар во Скопје

Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје, се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 234 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).

Од МЗ велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 92 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Според Министерството, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.