Алијансата КОВАКС најави милиони дози вакцини за посиромашните земји

Пакистански здравствен работник прима доза на вакцина против ковид-19, 3 февруари 2021 година

Алијансата за споделување вакцини КОВАКС одвои најмалку 330 милиони дози вакцини против ковид-19 за посиромашните земји кои треба да ги испорача во првата половина на 2021 година, објавија официјални претставници на алијансата. Планот за дистрибуција на КОВАКС би опфатил просечно 3,3 проценти од вкупното население од 145 земји кои учествуваат во почетниот круг. Алокацијата вклучува 240 милиони дози на вакцината на АстраЗенека направена од Институтот за серум во Индија, дополнителни 96 милиони дози од истата вакцина направена од АстраЗенека, плус 1,2 милиони дози на вакцина Фајзер и Бионтек.

Филипче: Вакцинацијата против ковид-19 почнува наскоро со 200.000 кинески вакцини

Јужна Африка, Зелено'ртски Острови и Руанда би биле едни од првите земји во Африка што го погодија Фајзер, рече таа. Сè на сè, 190 земји се приклучија на КОВАКС, кој беше лансиран во април, со цел да се обезбеди правичен пристап до вакцините за време на пандемијата.