Шефот на дипломатијата на ЕУ Борел во Москва

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ќе престојува во работна посета на Москва на 4-6 февруари, објави во понеделникот руското Министерство за надворешни работи. На 5 февруари, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Борел ќе разговараат за „целиот спектар на проблеми и изгледи на односите меѓу Русија и ЕУ“, се вели во соопштението на Министерството. Двете страни ќе разменат мислења за состојбата на Западен Балкан, Блискиот исток и Северна Африка и регионот на Комонвелтот на независни држави. Тие, исто така, ќе разговараат за можноста за спроведување на иранскиот нуклеарен договор, ситуацијата во Нагорно Карабах и безбедносните прашања во Европа.

Кремљ обвини западни дипломати за обид да влијаат на Судот за Навални

Затворската казна и труењето на критичарот на Кремљ Алексеј Навални се очекува да биде на високо место на агендата на разговорите на Борел во Москва. Борел ја осуди затворската казна за Навални како политички мотивирана. Официјална Москва изрази надеж дека Европската унија нема да ги поврзе своите односи со Русија со случајот Навални. Таквиот потег, според Москва, би бил глупав.