За 24 часа во Македонија 467 пријави за неносење заштитна маска

Илустрација - Полиција контролира дали се почитува мерката за носење заштитни маски за лице, Скопје декември 2020

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на цела држава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 467 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Полицијата и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Казната за непочитување на мерката за задолжително носење лична опрема за заштита во затворени и отворени јавни места изнесува 20 евра.