Бислимоски: Нема поскапување на струјата

Марко Бислимовски, Регулаторна комисија за енергетика

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, изјави дека и покрај зголемувањето кај соседите, во Македонија нема да има промени на цената на струјата, бидејќи ниедна од енергетските компании нема доставено барање до РКЕ дека ги зголемиле трошоците.

„Гледаме дека во Србија цената се зголеми за 7,9 отсто што значи дека генерално и регионалните енергетски компании се соочуваат со тешка година на намалени приходи, а зголемени расходи“, изјавил Бислимоски за МИА.

Од 1 февруари цената на електричната енергија во Србија е повисока за 7,9 отсто, што е за 7 отсто пониска отколку во Македонија, 18 отсто пониска отколку во БиХ, 24 отсто од Албанија, 35,8 отсто отколку во Бугарија, 79,97 отсто пониска отколку во Хрватска, 85 отсто од Романија и 125 отсто пониска отколку во Словенија.

Беслимоски вели дека фокусот на РКЕ и цела енергија е насочена кон проширување на опсегот на листата на ранливи потрошувачи да добијат финансиска помош за подмирување на сметките токму на оние на кои им е најпотребно.