Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Мјанмар

Војниците чуваат стража на 1 февруари 2021 година во Мјанмар, откако војската изврши државен удар

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок за ситуацијата во Мјанмар по пучот, соопштија извори блиски до ОН, наведувајќи дека средбата ќе се одржи зад затворени врати. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш силно го осуди апсењето на премиерот на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи во понеделникот, а голем број земји се приклучија на осудите и апелите за ослободување на притворените.

Во Мјанмар војската со државен удар ја презеде власта

Апсењата на политичките лидери и трансферот на законодавната, извршната и судската власт на војската „претставуваат удар врз демократските реформи во Мјанмар“, рече Гутереш. Армијата на Мјанмар изврши преврат ја уапси Аунг Сан Су Ќи, назначи генерал за привремен претседател и прогласи вонредна состојба за една година.