За 24 часа во Македонија 428 казни за неносење маска за лице

Илустрација - Граѓанин со заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 428 прекршоци, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полицијата и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Казната за непочитување на мерката изнесува 20 евра. Мерката е задолжителна и во затворени и на отворени јавни места.