Државен удар во Мјанмар, војската ја презеде власта

војската на Мјанмар изврши државен удар

Моќната војска на Мјанмар рано изутрината изврши државен удар, приведувајќи го фактичкиот лидер на земјата Аунг Сан Су Ки и други високи личности од владејачката партија. Воената телевизија Мјавади објави на 1 февруари едногодишна вонредна состојба за зачувување на „стабилноста“ поради спорот околу изборите. Во изјавата се вели дека новиот вршител на должноста претседател е Мајнт Све, поранешен генерал кој бил заменик претседател. Во соопштението се дека дека генералот Мин Аунг Хлаинг, шефот на војската, добил контрола над „законодавството, администрацијата и судството“. Ова беше објавено неколку часа откако војската ја приведе Су Ки, претседателот Вин Мајнт и други високи личности на владејачката Национална лига за демократија. Соединетите држави, Австралија и други земји изјавија дека се вознемирени од пучот и притворањето на цивилните водачи на владата.

Спасени 300 Рохинџа бегалци по 6 месеци на отворено море

Пучот уследи по растечките тензии меѓу владата и воените лидери во последните неколку недели по изборите во ноември кои, според армијата, биле лажни. Предвидено беше Парламентот да започне со седница на 1 февруари откако НЛД победи во огромна мнозинство на изборите. Војската на Мјанмар, која владееше со југоисточна азиска држава пет децении, задржа значително политичко и економско влијание откако Су Ки дојде на власт по убедливата победа на изборите во 2015 година, по децениите домашен притвор. Сепак, меѓународната позиција на добитничката на Нобеловата награда за мир падна откако стотици илјади Рохинџа муслимани беа раселени и илјадници убиени во операциите на армијата од 2017 година во западната држава Ракин.