Нови 175 позитивни на коронавирус, 365 оздравени и 7 починати

Клиника за инфективни болести

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 175 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 1.733 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 92.693. Починати се 7 пациенти во изминатото деноноќие, сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 2.855 лица.

Во моментов во земјава има 8.157 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 90, а потоа следуваат Кавадарци со 15, Охрид со 6, Куманово 7, Тетово 11...

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 365 оздравени пациенти.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 456.341 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 81.681 лица од почетокот на епидемијата во февруари оваа година.