Нови 325 позитивни на коронавирус, 479 оздравени, 7 починати

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 325 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.589 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 92.518. Починати се 7 пациенти во изминатото деноноќие, сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 2.848 лица.

Во моментов во земјава има 8.354 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 151, а потоа следуваат Кавадарци со 17, Охрид со 16, Куманово 13, Тетово 27, Делчево 11...

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 479 оздравени пациенти.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 454.608 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 81.316 лица од почетокот на епидемијата во февруари оваа година.