Загриженост од новите соеви на вирусот, земјите воведуваат нови забрани

Илустрација.

Владите ширум светот најавија нови ограничувања за патувањата кои стапуваат на сила овој викенд, поради зголемена загриженост за видовите на коронавирусот кои се повеќе заразни.

Британија, Канада, Франција, Германија, Португалија и Чешка се меѓу последните земји кои објавија ограничувања на меѓународните патувања, бидејќи новите соеви на вирусот идентификувани во Британија, Јужна Африка и Бразил, се закануваат да ја влошат пандемијата.

Засилената претпазливост доаѓа во услови кога здравствените власти се загрижени дали вакцините ќе обезбедат доволна заштита, особено против мутациите кои предизвикуваат излв на инфекции во Бразил и Јужна Африка.

Франција ќе ги затвори границите за луѓе кои пристигнуваат надвор од ЕУ започнувајќи на 31 јануари. Францускиот премиер Жан Касте предупреди на „голем ризик“ од новите варијанти.

Секој што пристигнува од други земји, надвор од ЕУ, ќе треба да прикаже негативен тест на вирусот.

Од 30 јануари, Германија ќе воведе забрана за влез на лица од земјите погодени од новите соеви на коронавирусот.

Чешка исто така забранува влез во земјата за странци кои не доаѓаат поради деопходни причини, со неколку исклучоци.

Во Јужна Африка, како и повеќето соседи на Бразил започнуваат да ги ограничуваат патувањата поради загриженост за ширење на новиот сој.

Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека оние за кои пристигнуваат во земјата ќе има задолжителен карантин во хотели на свој трошок, додека авиокомпаниите ги прекинуваат летовите кон јужните дестинации, како Мексико и Карибите до крајот на април.