Во болниците се лекуваат 599 пациенти со ковид-19

Ковид-19 амбуланта во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 599 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 343 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Најмногу пациенти има во Охрид - 65, а најмалку во Кочани - пет. Во Скопје, пак, има вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели, соопшти Министерството за здравство.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.