Израел од денеска вакцинира 35-годишници

Израел сака да го вакцинира целото население до пролетта

Во Израел е најавена вакцинација против коронавирусoт, проширена на возрасни на возраст од 35 години и постари, во обид да се победи инфекцијата.
Директорот на Министерството за здравство Хези Леви рече дека дозите за таа возрасна група ќе бидат достапни од денеска. Тоа е одраз на израелските напори да го вакцинира целото население до пролетта и е на пат да го постигне тоа. Досега се вакцинирани повеќе од една четвртина од 9,3 милиони жители.

0,01% од Израелците се заразиле по примањето вакцина од Фајзер

Сепак, во Израел, стапката на инфекција е една од највисоките во светот, бидејќи во градовите каде живеат ултраортодоксни Евреи, ограничувањата не се почитуваат и има судири со полицајците кои се обидуваат да наметнат усогласеност со овие мерки. Секој ден се откриваат околу 8.000 нови случаи на инфекција. Оваа недела се засилени мерките со затворањето на меѓународниот аеродром за скоро сите летови, а од денес се затвораат копнените гранични премини кон Египет и Јордан.