Бесими: Eфектите од мерките во економијата ќе се видат во првиот квартал

Фатмир Бесими, министер за финансии

Веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, оцени денеска од Тетово, министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на промоцијата на возилата за јавен превоз на градот.
Тој потсети дека ќе има и други средства за пакетот мерки за 2021 покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот сектор и социјални категории кои чувствуваат ефекти од Ковид кризата.

Министерот рече дека некои мерки веќе се применуваат, а се во комуникација со коморите за нивна реализација.

Колку пари од владините Ковид програми останаа непотрошени?

„Во првиот квартал ќе имаме и појасна слика за мерките. Од управата за јавни приходи со последните информации 13 илјади компании веќе аплицирале за декемвриската плата. Постојано сме во комуникација да најдеме и дизајнираме соодветни мерки да се реагира брзо во поддршка на економијата во текот на 2021 за да се остварат проекциите за 4,1 раст на нашата економија, под претпоставка дека Ковид кризата после вториот квартал и натаму состојбата да се нормализира“, истакна Бесими во Тетово.