Пет руски морнари спасени, двајца се удавиле кога потонал бродот

илустрација

Најмалку пет лица се спасени, а две лица загинаа во потонатиот 13-член руски товарен брод крај брегот на турската црноморска провинција Бартин.
Од руската Амбасада во Анкара за агенцијата Тасс изјавиле дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.

Гувернерот Гунер соопшти дека загинале најмалку две лица од бродот.
„На бродот имаше 13 лица, сите руски државјани. Досега знаеме дека пет лица се спасени и пронајдовме две тела на починати морнари“, изјави гувернерот.

Потона руски товарен брод

Како што се наведува, временските услови во регионот се многу лоши и спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето.